Во недела се игра првото струмичко градско дерби во новата сезона помеѓу Академија Пандев и Беласица, во рамки на 11 коло од Првата македонска фудбалска лига. Лош старт во новата сезона имаат и двете струмички екипи. Беласица стартуваше катастрофално и на десет одиграни натпревари два пати ремизираше и со два освоени бодови Беласица е последна на табелата. „Пандевци“ подобри во однос на Беласица, на десет одиграни натпревари бележат две победи и едно реми и со вкупно 7 освоени бодови се наоѓаат на единаесеттата позиција.
Во рамки на Првата лига, првото градско прволигашко дерби беше одиграно на 19 август 2018 година каде Академија Пандев славеше над Беласица со 2:0. Во вториот натпревар одигра на 28 октомври истата година, „пандевци“ славеа убедливо со 3:0, додека на 24 февруари 2019 година, Академија Пандев над Беласица запиша трета победа со минимални 0:1. Нивната последна средба во рамки на Првата лига се одигра на 20 април минатата година, каде Беласица со 0:2 беше подобро од Академија Пандев
Натпреварот се игра на „Благој Истатов“ во Струмица, со почеток од 13:30 часот, без присуство на публика.
