ЖФК Тиверија Струмица во недела ќе гостува во Кочани, каде во рамки на 11. коло од Првата женска фудбалска лига ќе се соочи со ЖФК Кочани.
Тиверија на овој натпревар влегува како апсолутен фаворит за нова и сигурна победа. Домаќинит Кочани е единствената екипа во лигата која се уште нема освоено бодови, и останува закована на дното од табелата. Тиверија е петта на табелата со 20 освоени бодови.
Натпреварот се игра во Кочани, со почеток од 14:30 часот без присуство на публика.