ЖФК Тиверија го искористи слободниот викенд и одигра пријателски натпревар против екипата на Истатов од Дојран. Тиверија на овој натпревар славеше со 4:2 над екипата од Дојран.
Стрелци на четирите погодоци за ЖФК Тиверија беа Ѓорѓиева, Ристовска, Јосифова и Николовска.
Во натпреварот шанса добија многу млади фудбалерки од двете екипи.