Спартмани запиша победа на денешното гостување во Лозово, каде во натпревар од 4. коло славеше над Работник Џумајлија со 0:2.
Спартмани играат одлична сезона, а денес само потврдија дека се подобри од нивниот противник. Во следното коло Спартмани на домашен терен во Градско Балдовци ќе го пречека лидерот Чешиново, додека Работник Џумајлија ќе патува во Берово, каде ќе има тешко гостување против Малеш.