Хоризонт Турново запиша победа во 4. коло од Третата лига – Исток, откако со 2:0 го совлада Карбинци. Одличен натпревар заа домаќините кои до победата стигнаа преку погодоците на Васил Крстев и Дарко Петров.
Во следното коло Турново ќе игра дерби натпревар во Делчево, каде ќе се судри со Брегалница, додека Карбинци ќе биде домаќин на Тиверија.