Екипата на Спартмани која бележи одлични резултати на стартот од новата сезона, утре ќе гостува во Лозово, каде силите ќе ги одмери со Работник Џумајлија.
Спартмани вчера го доби дербито со Тиверија, а за утрешниот натпревар екипата од Градско Балдовци влегува максимално мотивирана за трета сезонска победа.
Натпреварот стартува во 14:30 часот и истиот ќе се игра без присуство на публика на трибините.