Струмичкото дерби му припадна на Спартмани, кој со 2:1 беше подобар од Тиверија во 3. коло од Третата лига – Исток.
Спартмани бележи одличен старт во новата сезона, на три натпревари впиша две победи и еден пораз, додека Тиверија има два порази и една победа.
Во следното 4. коло Спартмани ќе гостува во Лозово, каде ќе се судри со Работник Џумајлија, додека Тиверија дома ќе игра со Малеш.
