Во недела, одбојкарите на Џио Струмица ќе бидат домаќини на Јанта Волеј од Скопје, во натпревар од 3. коло од Првата одбојкарска лига. По две одиграни кола, Џио има две победи, додека Јанта Волеј запиша два порази.
Прв судија на натпреварот ќе биде Амбарков Орданче, додека за втор судија е делегиран Жабев Зоран. За делегант на натпреварот одреден е Џинес Симон.
Натпреварот се игра со почеток во 13:00 часот во Спортската сала “Парк” во Струмица, без присуство на публика според препораките за заштита од Ковид-19.
