На утрешниот меч меѓу Јуниор Кисела Вода и Астраион во рамки на 4. коло од групата А од Суперлигата, правдата ќе ја делат Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола.
Делегат на натпреварот кој се игра во Скопје, со почеток од 19:00 часот ќе биде Ацо Николовски од Скопје.
Астраион ќе се бори за втора сезонска победа, по поразот на домашен терен од Струга, додека Јуниор Кисела Вода влегува силно мотивиран за прва сезонска победа.
