Ракометарите на Астраион по вчерашниот пораз од Струга (28:30), веќе утре ги чека тежок и неизвесен натпревар во Скопје против Јуниор Кисела Вода.
Струмичани имаат една победа над Радовиш и два порази од Пролет и Струга, додека Јуниор Кисела вода на два одиграни натпревари забележа два порази, од Пролет и од Струга.
Натпреварот се игра во Архиепископ Доситеј – КВ со почеток од 19:00 часот.