Костенчев Никола ќе биде главен судија на утрешниот натпревар меѓу Брегалница и Беласица во рамки на осминафилето од Купот на Македонија. Помошници на Костенчев на натпреварот кој се игра во Штип ќе бидат Петрески Гоце и Милошевиќ Милош од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Младеновски Дејан, исто така од Скопје.
Делегат на натпреварот кој се игра утре во 14:30 часот е Шукрија Аки од Липково, контролор ќе биде Ристески Марјан од Кичево. Натпреварот ќе се игра без присуство на публика.