Одбојкарите на Џио од Струмица победа запишаа и во второто коло од Првата лига, откако со 0:3 (12:25; 20:25; 10:25) беа далеку подобри од домаќинот Весна од Пробиштип.
“Две максимални победи од 3:0 за три дена во првите две кола во новиот шампионат за успешен почеток на нашата екипа. Против екипите на Лирија и на Весна Пробиштип шанса добија сите играчи и успешно ги завршија своите задачи”, велат од Џио Струмица.
Во рамките на третото коло Џио на домашен терен ќе се соочи со екипата на Јанта Волеј од Скопје.