Тиверија во 2. коло од Третата лига – Исток, на домашен терен ќе се соочи со екипата на Раклиш од Радовиш. Натпревар во кој Тиверија треба да се порави по оној тежок пораз од 1. коло, каде на гостувањето во Чешиново загуби со високи 5:2.
Раклиш имаше полош старт и од Тиверија. Радовишани на домашен терен со високи 1:6 беа декласирани од Хоризонт Турново кој атакува на прво место и влез во Втора лига.
Натпреварот ќе се игра без присуство на публика поради пандемијата со Ковид-19.
