Хоризонт Турново со убедлива победа ја отвори новата сезона од Третата лига – Исток. Турновци на Градскиот стадион во Радовиш со убедливи 1:6 го декласираа Раклиш.
Наум Блажевски постигна четири гола за Турново, додека Васил Крстев два пати ја затресе противничката мрежа.
Во следното коло Турново ќе игра против Спартмани, а Раклиш ќе гостува во Струмица кај Тиверија.