Екипата на ЖФК Тиверија Струмица запиша убедлива победа на денешното гостување во Радовиш, каде со 0:4 беше далеку подобра од домаќинот ЖФК Плачковица, во натпревар од 9. коло од Првата женска фудбалска лига.

Тиверија останува на петтото место на табелата со 20 бодови, додека Плачковица е претпоследна без бодови.
Во следното коло Тиверија е слободна, а потоа ќе гостува во Кочани.