Беласица го запиша седмиот сезонски пораз на исто толку одиграни натпревари, откако денес на гостувањето во Скопје кај Вардар, во рамки на 7. коло од ПМФЛ, загуби со 3:1 од актуелниот шампион. Први до водство дојдоа домаќините со голот на Мирчевски во 6. минута од натпреварот, а 10. минути подоцна Петровиќ погоди за 2:0. Во вториот дел гостите намалија на 2:1 преку Робсон Да Силва, додека во 79. минута Петковски погоди за конечни 3:1.
Беласица останува на дното од табелата без бодови, додека Вардар се искачи на осмото место на табелата. Во следното коло Беласица ќе ја пречека Ренова, а Вардар ќе гостува во Битола кај Пелистер.