Академија Пандев во недела на „Благој Истатов“ во Струмица, ќе го пречека Силекс од Кратово, во натпревар од 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Бартон Јосип од Скопје, а негови помошници ќе бидат Емурли Иса од с. Шемшово и Ѓорѓески Александар до Тетово. За четврт судија на натпреварот одреден е Идризи Фуркан од Тетово. Делегат на натпреварот ќе биде Јанушев Бранислав од Скопје, а контролот ќе биде Хаџипази Алиларџан од Гостивар.
Натпреварот се игра со почеток од 15:00 часот, без присуство на публика, а натперварот ќе може да се следи во живо на tv.ffm.mk.