Во среда се игра 1/16-финале од фудбалскиот Куп на Македонија. Ждрепката посака Беласица да се соочи со второлигашот Росоман. Овој натпревар струмичките фудбалери ќе ги играат на гостински терен со почеток од 15:30 часот, без присуство на публика. Ќе се игра само по еден натпревар.
Поради пандемијата со Covid-19 ќе има променет формат и сè до финалето ќе се игра по еден натпревар, а при нерешен резултат директно ќе се изведуваат пенали.
Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.