Беласица на домашен терен беше поразена со 0:2 од Пелистер, во натпревар од 6. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш ја продолжува резултатската криза во новата сезона, откако денес го запиша шестиот последователен сезонски пораз.
Беласица останува закована на дното од табелата, екипа која во ПМФЛ се’ уште нема освоени бодови, додека Пелистер со 9 бодови се искачи на седмата позиција. Во следното коло, Беласица ќе му гостува на Вардар во Скопје, додека Пелистер дома ќе има тежок натпревар со лидерот на табелата Шкендија.