Екипата на Хоризонт од Турново по кратка пауза од една сезона повторно ќе се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига (ТМФЛ) – Исток. Во првото коло од новата сезона, Хоризонт ќе се соочи со Раклиш на гостински терен во Радовиш.
Хоризонт важеше за многу успешна екипа која се натпреваруваше во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а играше и квалификации за Лига Европа. Клубот испадна во Втората лига, од каде потоа испадна и во Трета лига, а во сезона 2018/19 беше дисквалификуван од натпреварувањето, по што минатата сезона не се натпреваруваше, а од оваа сезона повторно се враќа на фудбалската сцена во Македонија, стартувајќи од Третата лига со најава за високи амбиции и влез во Втората лига.
Нивниот противник Раклиш од с. Раклиш – Радовиш, од минатата сезона започна да се натпреварува во Третата лига – Исток, за Раклиш оваа ќе биде втора сезона како дел од Трерата лига. Клубот претходно се натпреваруваше само во општинска (четврта) лига.
Натпреварот помеѓу Раклиш и Турново ќе се игра во недела (20 септември) со почеток од 16:00 часот.