Новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток и официјално започнува на 20 септември. Во новата сезона ќе се натпреваруваат десет екипи, Тиверија од Струмица, Брегалница од Делчево, Чешиново од с. Чешиново, Детонит од Радовиш, Хоризонт од Турново, Карбинци од с. Карбинци, Малеш од Берово, Овче Поле од Свети Николе, Раклиш од с. Раклиш и Спартмани од с. Градско Балдовци.
Во однос на претходната сезона Василево нема да се натпреварува, додека Младост од Удово и Дојранско Езеро од Дојран ќе се натпреваруваат во Третата лига – Југ.
Во првото коло Тиверија ќе гостува кај новиот третолигаш Чешиново, Малеш ќе биде домаќин на Детонит, Раклиш ќе се соочи во Радовиш со повратникот Хоризонт, Спартмани ќе го пречека Овче Поле, додека новајлијата Карбинци ќе ги одмери силите со Брегалница од Делчево на домашен терен.
Сите натпревари се играат со почеток од 16:00 часот, без присуство на публика.