Во 6. коло од Првата женска фудбалска лига дерби на натпреварот ќе биде натпреварот меѓу ЖФК Тиверија Струмца и актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса. Саса во моментот е лидер на табелата со максимални 15 бодови, а исто толку бодови има и ЖФК Деспина од Прилеп, додека ЖФК Тиверија со 13 бодови се наоѓа на третото место на табелата.
Овој натпревар ќе биде важен за двете екипи во борбата за трите бода. Во претходното коло, ЖФК Тиверија на гостински терен ремизираше (1:1) со ЖФК АС Јунајтед, додека ЖФК Каменица Саса со убедливи 0:10 го декласираше ЖФК Атлетико.
