Денеска започна реконструкцијата на отвореното спортско игралиште во четвртата урбана заедница во градот.
Покрај просторот на игралиштето, со овој проект е опфатена и реконструкција на околните тротоари и уредување на зелените површини.
Овие зафати треба да завршат за три месеци.

