ЖФК Тиверија Струмица утре ќе се соочи со екипата на ЖФК АС Јунајтед на гостински терен, во рамки на 5. коло од Првата женска фудбалска лига. ЖФК Тиверија има одличен старт во новата сезона со четири убедливи победи и по 4. одиграни кола се на делба на првата позиција со максимални 12 бодови. Екипата на АС Јунајтед со девет бодови се наоѓа на петтото место со три бода помалку.