Екипата на Академија Пандев во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе гостува во Велес, каде ќе се соочи со Борец. По 4. одиграни кола Академија Пандев е на 11. место на табелата со три освоени бодови, додека велешани со пет бода се наоѓаат на осмото место на табелата.
Во нивните три меѓусебни прволигашки дуели, двете екипи имаат по една победа, а еден натпревар заврши без победник.