Новиот суперлигаш Астраион од Струмица се засили со искусен лев бек од Србија, станува збор за Давор Тасковиќ, кој доаѓа од Сент Полтен од Австрија. Тасковиќ е висок околу два метри и се очекува да биде големо засилување за екипата на Астраион, која ќе дебитира во Суперлигата во групата А. Освен за екипата на Сент Полтен, Тасковиќ во својата кариера има настапувано и за екипите на Врање, Динамо Букурешт, Макаби и Диомидис.