Екипата на Академија Пандев конечно ја запиша првата сезонска победа во Првата македонска фудбалска лига, откако со 1:0 на „Благој Истатов“ беа подобри од Струга Трим Лум. Единствениот гол за „пандевци“ го постигна Марио Крстовски во 85. минута од натпреварот.
Следува репрезентативната пауза, па по две седмици ќе продолжи ПМФЛ со натпреварите од 5. коло, а тогаш Академија Пандев ќе гостува кај Борец во Велес, додека Струга Трим Лум на домашен терен ќе го дочека Силекс.