Денес стартува 4. коло од Првата лига со три натпревари. Академија Пандев и Беласица со нова шанса за прва сезонска победа. „Пандевци“ на домашен терен ќе ја пречека Струга Трим Лум, додека Беласица ќе има тешко гостување кај Македонија ЃП. Струмичките прволигаши се единствените екипи без освоени бодови и без постигнат гол. Денес ќе се игра и скоспко дерби меѓу Работнички и Вардар, а овој натпревар ќе може да се следи на МРТ1.
Колото продолжува утре со натпреварот меѓу Шкупи и Пелистер, кој исто така ќе биде пренесуван во живо на МРТ1. Во понеделник Шкендија во Тетово ќе се соочи со Борец, а во Кратово, Силекс ќе биде домаќин на Ренова. Со овие два натпревари ќе биде комплетирано 4. коло.