Марио Маслаќ се врати во Академија Пандев и денес официјално беше претставен во струмичкиот прволигаш. Српскиот централен дефанзивец по шест месеци повторно ќе заигра за Академија Пандев. Искуството и квалитетите на Маслаќ ќе бидат од големо значење за младиот тим на Академија Пандев. Маслаќ во својата кариера покрај за Академија Пандев има настапува и за Беласица во македонското првенство, додека во српско има настапувано за Раднички Ниш и Војводина. Маслаќ доаѓа на местото на Никола Серафимов кој се повреди на натпреварот со Вардар во 2. коло.
По 3. коло „пандевци“ се без освоени бодови и без постигнат гол во првенството, а во 4. коло на домашен терен ќе играат против Струга Трим Лум.