Академија Пандев денес ќе гостува во Тетово, каде во рамки на 3. коло од ПМФЛ ќе се соочи со екипата на Ренова. Натпревар важен и за двата тима. „Гипсарите“ денес со сите сили ќе атакуваат на прва сезонска победа, додека „пандевци“ во обид за долго очекувана победа, и прекин на црната серија која трае 14 натпревари.
Последни пет меѓусебни натпревари одиграни во Првата лига:
11.03.20 ПМФЛ Академија Пандев – Ренова 0-1
11.09.19 ПМФЛ Ренова – Академија Пандев 1-1
13.09.19 ПМФЛ Академија Пандев – Ренова 2-0
12.05.19 ПМФЛ Ренова – Академија Пандев 1-1
31.03.19 ПМФЛ Академија Пандев – Ренова 2-1
Натпреварот стартува со почеток од 17:00 часот, а истиот ќе може да се следи на tv.ffm.mk.