Беласица утре на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица ќе се соочи со амбициозниот Шкупи, во натпревар од 3. коло од ПМФЛ. Главен судија на овој натпревар ќе биде Качевски Јован од Струга, додека негови помошници ќе бидат Грданоски Симон, исто така од Струга и Џонов Кристијан од Штип. За четврт судија на натпреварот одреден е Мантев Петар од Неготино. Делегат на натпреварот ќе биде Крстевски Ненад од Куманово, додека за контролор одреден е Дивитаров Мендо од Битола.
Натпреварот се игра со почеток од 17:00 часот, без присуство на публика, а истиот ќе може да се следи во живо на tv.ffm.mk.