Екипата на Беласица денес го одигра последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот прволигаш запиша победа од високи 6:0 над второлигашот Кожуф од Гевгелија. Натпреварот се играше на „Благој Истатов“ во Струмица. На 9. август започнува новата сезона во ПМФЛ, а во првото коло Беласица на домашенен терен силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово.