Екипата на Беласица одигра пријателски натпревар со второлигашот Плачковица во Радовиш, каде што струмичките фудбалери запишаа победа од 0:2. Стрелци на двата гола за Беласица беа Каланоски и Василев. Следна контролка за Беласица ќе биде против второлигашот Кожуф од Гевгелија.