„Академија Пандев ја прифати понудата на Шкендија за Љупче Дориев, кој заминува да ги брани боите на тетовскиот тим. Дориев беше еден од најдобрите поединци во нашиот тим и миленик на струмичката публика. Желбата за промена и нови предизвици кај фудбалерот, беа клучен фактор за реализација на трансферот, а ние како клуб му посакуваме многу успеси во понатамошната кариера. Љупче ти благодариме за се што направи за нашиот клуб“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.