По населените места Дабиле и Просениково, се изведува и канализационен систем во населеното место Вељуса. Градоначалникот Коста Јаневски и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски извршија увид во градежните активности.
Инвестиција е поддржана од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства во висина од 16.500.000 денари, а учествува и општина Струмица со проект и друга поддршка којашто е неопходна за реализација на ваков тип на проекти.
Овој проект би требало да заврши до крајот на годината, веќе е изведено повеќе од 50 проценти од планираното за овој период и ова е околу 75 проценти од целиот проект којшто треба да изнесува околу 11 километри.
Канализациони системи ќе бидат изведени и во населените места Банско, Градско Балдовци и Баница.