Поранешниот капитен на Беласица, Александар Василев, кој има големо интернационално искуство, се приклучи во стручниот штаб на сениорскиот тим и тоа како прв асистент за претстојната сезона во ПМФЛ.
“Благодарност до управата на ФК Беласица, Претседателот и шефот на стручниот штаб за укажаната шанса. Ми претставува голема чест, задоволство и привилегија да се биде дел од овој стручен штаб и клуб каде што израснав како фудбалер, а сега ми дава нова шанса, да запливам во тренерските води.” – изјави Василев.