Академија Пандев со генерација 2008 година ќе учествува на годинешниов „Драган Манце КУП 2020“ кој се одржува во Белград, Србија на спортскиот центар „Телеоптик – Партизан“. Еден од најдобрите турнири за деца на Балканот е пренесуван и на регионалниот спортски канал Спорт Клуб. Во петок во 11:15 часот е одбран во живо да се емитува натпреварот ФК Академија Пандев – ФК Олимпик Белград.