Во Струмица повторно прволигашко градско дерби меѓу Академија Пандев и Беласица

По една година пауза, во Струмица повторно прволигашко градско дерби помеѓу екипите на Академија Пандев и Беласица.

Беласица се врати експресно во Првата лига по само една сезона помината во Втората лига – Исток. Што значи дека од оваа сезона, струмичани повторно на стадионот „Благој Истатов“ ќе гледаат градско дерби и ќе уживаат во одличниот фудбал.

АРХИВА

АРХИВА

Но, борбата за опстанок во Првата лига следната сезона ќе биде тешка, бидејќи од лигата ќе испаѓаат по 4 екипи директно, додека едната ќе игра бараж за опстанок, што значи дека од сезона 2021/2022 место ќе има само за првопласираните две екипи од ВМФЛ – Исток и Запад, со што Првата лига повторно би била вратена на 10 екипи.

Што се однесува пак до Втората лига, од слената 2020/2021 година, од Исток и Запад ќе испаѓаат по три екипи, па по шест екипи од Истокот и Западот заедно со четирите победници во третолигашкото натпреварување за сезоната 2021/2022 треба да има единствена Втора лига со вкупно 16 екипи.

Што се однесува до пополнување на Втората лига – Исток и Запад за оваа сезона, првопласираните екипи од Третите лиги, ќе играат бараж меѓу себе за влез во ВМФЛ – Исток и Запад. За влез во ВМФЛ – Исток, ќе се борат првопласираните екипи од Третите лиги од двата региона, Росоман и Слога од Виница, додека во Западот, бидејќи има три региона на Трета лига, ќе се формира група со екипите на Фортуна, Велешта и Беса, при што победникот ќе обезбеди влез во ВМФЛ – Запад за сезона 2020/2021.

Comments are closed.