ОФИЦИЈАЛНО: Беласица се врати во Првата лига

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука следната сезона Првата лига брои два клупа повеќе. Оваа сезона во ПМФЛ ќе има плеј-оф и плеј-аут но без испаѓање, што значи сите екипи и во следната сезона ќе бидат дел од Првата лига.

Беласица - во Прва лига

Тоа значи дека лигата ќе биде проширена со двата најдобриот клуба од Втората лига – Исток и Запад, односно Беласица како првопласирана од Истокот и Пелистер како првопласиран од Западот.

Беласица се враќа експресно по само една, а Пелистер по две сезони во најсилното фудбалска натпреварување во Македонија.

Екипи кои ќе се натпреваруваат во Првата лига следната сезона се: Академија Пандев, Силекс, Шкендија, Вардар, Ренова, Македонија ЃП, Струга Трим Лум, Борец, Работнички, Шкупи, Беласица и Пелистер.

Оваа значи дека од следната ќе гледаме прволигашко градско дерби во Струмица, меѓу екипите на Беласица и Академија Пандев.

Comments are closed.