Академија Пандев ги „запали моторите“ пред рестартот на Првата лига

Прволигашите се враќаат на терените и ги почнуваат подготовките за „рестартот“ од Првата лига. Денес Академија Пандев се врати на тренинзите, откако претходно беа тестирани фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица на клубот за Ковид-19. „Пандевци“ тренираат од денес во помали групи. Од вчера на тренинг се вратија и фудбалерите на Шкендија, Струга Трим Лум, Шкупи и Македонија ЃП.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

„Денес од страна на медицинските лица на Acibadem Sistina Hospital беа тестирани фудбалерите, стручниот штаб и раководните лица на клубот за КОВИД-19. Благодарност до Синдикат на фудбалери на Македонија -Sindikat na fudbaleri na Makedonija за обезбедените тестови пред почетокот на тренинзите за прoдолжението на сезоната. Протоколот даден од ФФМ се почитува, сите се свесни за сериозноста и максимално се почитуваат мерките. Тренинзите во помали групи започнуваат од денес“, истакнаа од Академија Пандев на нивната официјална фејсбук страница.

Comments are closed.