Четирите кола од ПМФЛ пред плеј-офот на Академија Пандев

Првата лига во средината на јуни се „рестартира“, а до почетокот на плеј-офот и плеј-аутот има уште четири кола. До сега се одиграа 23. кола, што значи дека остануваат да се доигра заклучно со 27. коло и потоа се преминува кон плеј-оф и плеј-аут.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Битката за излев во Европа ќе биде големата, поради малата бодовна разлика меѓу екипите.

24. коло
Силекс – Борец
Работнички – Македонија ЃП
Ренова – Шкендија
Струга – Академија Пандев
Шкупи – Вардар

25. коло
Вардар – Силекс
Академија Пандев – Шкупи
Шкендија – Струга
Македонија ЃП – Ренова
Борец – Работнички

26. коло
Силекс – Работнички
Ренова – Борец
Струга – Македонија ЃП
Шкупи – Шкендија
Вардар – Академија Пандев

27. коло
Академија Пандев – Силекс
Шкендија – Вардар
Македонија ЃП – Шкупи
Борец – Струга
Работнички – Ренова

Академија Пандев „рестартот“ од сезоната го започнува со гостување во Струга, потоа дома ќе игра со Шкупи. Во 26. коло ќе игра дерби натпревар во Скопје против Вардар, а потоа во последното 27. коло од регуларниот дел во Струмица, силите ќе ги одмери со Силекс од Кратово.

Во однос на табелата, Вардар е лидер со 46 бодови, десет помалку има Силекс кој е втор, а Шкендија со 35 бодови е трета. Ренова има 31 бод и се наоѓа на четвртото место, Шкупи со 29 бодови е петти, а исто толку бодови има и Македонија ЃП. Академија Пандев со 28 бодови е седма, а исто толку бодови има и Работнички кој е осми. На деветтото место е Борец со 27 бодови, а последнопласирана е Струга со 25 освоени бодови.

 

Comments are closed.