Втората лига не продолжува, деновите одлука за проширувањето на Првата лига

Првата лига кон средината на јуни се „рестартира“, но Втората лига, како и пониските лиги нема да продолжат со доигрување на сезоната.

Екипите од Втората лига нема да го продолжат натпреварувањето од сезоната 2019/20, а Комисијата за натпреварување при ФФМ препорача истото да го следат и тимовите од Третата лига, како и останатите пониски лиги.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Но, што ќе се случи со екипите од врвот и од дното на табелата од Втората лига – Исток и Запад. Според најавите, Првата лига следната сезона ќе се прошири на 12 или 14 екипи, што значи дека екипите кои до прекинот на Втората лига – Исток и Запад, завршија на првите позиции ќе добијат промоција во повисок ранг. Тоа значи дека Пелистер од Битола и Беласица од Струмица веројатно ќе добијат статус на прволигаши, а во случај лигата да биде проширена за четири екипи, статус на прволигаши ќе имаат Скопје како второпласиран од ВМФЛ – Запад и Брегалница од Штип, како второпласирана во ВМФЛ – Исток.

Следните денови се очекува официјална одлука од страна на ФФМ, во однос на оваа прашање, а исто одлука чекаат и екипите од Третите лиги, кои што се лидери на табелата, дали истите ќе добијат статус на второлигаши.

Comments are closed.