Кузмановска:Градиме професионален и функционален здравствен систем

Прес конференција на Катерина Кузмановска, пратеничка од СДСМ

Capture

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

 

Вложувањата кои владата предводена од  СДСМ ги направи во здравството покажаа дека имаме капацитет и со системски пристап и добра организираност, овозможивме успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении.

Со навремени мерки ја ставивме состојбата со корона вирусот под контрола, го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари.

Но секако не само здравствените работници, секој од нас е важен во справување со епидемијата и затоа неопходно е почитување на мерките за заштита.

Со оваа глобална криза стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.

Продолжуваме да  вложуваме во одржлив здравствен систем. Наш приоритет од почетокот е подобрување и унапредување на јавното здравство, подобри услуги за пациентите и работни услови за здравствените работници преку одговорни и стратешки политики.

 

Почитувани граѓани

 

Инвестирајќи во здравствениот персонал ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници овозможувајќи тие својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

  • Благодарни за трудот и пожртвуваноста што здравствените работници го вложија изминатиот период, вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.
  • Наградени ќе бидат сите здравствени работници и соработници,како и сите вклучени во работа со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош -во сите Јавно-здравствени установи, болниците, институтите каде се правеа испитувањата, здравствените домови коишто го организираа транспортот итн.
  • Никој нема да биде изоставен, сите се земени во предвид!

 

Почитувани,

 

Владата предводена од СДСМ го цени човечкиот капитал во здравството и потребни ни се силно мотивирани здравствени работници.

  • За период од две години даде повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.
  • Во периодот од септември 2018 до февруари 2020,  за 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри за 23%,  на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.
  • Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници, со два до три пати зголемен коефициентот за дежурства за викенд.
  • За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари , гинеколозите и стоматолозите.
  • И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.
  • Со суштинските измени во ЗЗЗ, со системски пристап и добар план, слушајќи го гласот на здравствените работници и пациентите, го враќаме дигнитетот на лекарите и односот  лекар- пациент.

 

 

Почитувани граѓани,

 

Надминавме децениски проблеми, ги направивме лековите достапни за сите граѓани и во секое време, воведовме нови и иновативни терапии.

  • Укинати се квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава и денеска  граѓаните повеќе не се грижат дека ќе останат без терапија, бидејќи таа им е достапна во секоја аптека и во било кој период од месецот.
  • За 2 години, воведовме 5 нови лекови за ретки болести, а за пациентите со дијабетес три нови типа високо-квалитетен и сертфициран инсулин.
  • Воведовме иновативна биолошка терапија за пациентите со малигни заболувања.

 

  • Две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус,  кои се чести во детската возраст, особено кај децата кои посетуваат градинки.
  • Преку електронскиот рецепт,за почеток, овозможивме пациентите со хронични заболувања , својата терапија да ја земаат директно во аптека, без да ги посетуваат матичните амбуланти.

 

Инвестиравме во реконструкции и обнови на оддели во ЈЗУ и ЗД, нова современа медицинска опрема,нови дијагностички процедури , возила на итната медицинска помош.

 

Направивме многу, но имаме уште многу да направиме.

Продолжуваме да работиме посветено на подобрувања во секоја област: инфраструктура, опрема, терапија, и пред се персонал.

Затоа што само така, со сеопфатен пристап кон сите сегменти во здравството, можеме да направиме функционален и одржлив здравствен систем за сите.

 

Comments are closed.