Горан Пандев доби подарок шампионски прстен од Интер

Најдобриот македонски фудбалер и капитен на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев пред десет години со Интер ја освои Лигата на шампионите, а клубот со подароци ги испочитува сите играчи на незаборавната генерација од 2010 година.

Goran Pandev - shampionski prsten

Интер во големото финале од Лигата на шампионите, под водство на Жозе Мурињо со триумф над Баерн Минхен се искачи на врвот на Европа. Управата на италијанскиот гигант им се заблагодари со шампионски прстени. Струмичанецот Горан Пандев го доби својот, а на него е изгравиран бројот 27, број кој тогаш Пандев го носеше во Милано.

Comments are closed.