Струмичкиот стадион „Благој Истатов“, на кој што Беласица игра има нови трибини, одличен тревник, уредена теретана и фитнес центар, простории за тренинг, а најново е уредувањето на стадионот и низ ходниците, односно внатрешниот дел, каде се поставени логото на клубот, името на клубот, стари фотографии, со што стадионот добива поинаков изглед и во внатрешниот дел.
На овој стадион, Беласица ги игра официјалните натпревари, а клубот во моментот е лидер во Втората лига – Исток, и се очекува истиот од следната сезона да се натпреварува во Првата лига, поради проширувањето на Првата лигата.



