Почитувани граѓани од влашката заедница,
На денешен ден пред 115 години, во рамките на отоманската империја, била признаена етничката, културната и јазичната посебност на Власите. Токму затоа, 23. Мај во нашава земја се слави како национален ден на Власите. Ви го честитам овој за Вас голем ден, посакувајќи ви успех во негувањето и продлабочувањето на Вашите културни и традиционални особености.
Нека Ви е за многу години Националниот ден на Власите.