Пред точно 10 години Горан Пандев го освои трофејот од Лигата на шампионите, откако во големото финале, кое се играше во Мадрид, Интер славеше со 2:0 над Баерн Минхен.
Интер тогаш беше воден од Жозе Мурињо, а струмичанецот беше еден од клучните играчи во таа сезона за „нероазурите“. Во финалето кое се играше „Сантијаго Бернабеу“, Пандев играше од прва минута, а двата гола ги постигна Диего Милито.
Таа сезона покрај трофејот во Лигата на шампионите, Пандев се закити и со трофеите од Серија А и Купот на Италија. Нашиот капитен во Интер остана до 2012 година, одигра 47 натпревари во кои постигна 6 гола, а тоа лето премина во редовите на Наполи.