Беласица следната сезона во Прва лига ?

Временската рамка за регуларно комплетирање на Првата лига е кратка, а тоа значи сезоната би се завршила во некој скратен формат или пак истата ќе биде прекината. Така беше кажано и на состанокот на ФФМ со претставниците на клубовите од Прва лига, состанок кој имаше консултативен карактер. Конечната одлука, која би била официјална, ќе се каже на новиот состанок кој во најскоро можно време треба да се одрже.

ФОТО: Струмица Сити

ФОТО: Струмица Сити

Втората лига најверојатно воопшто и нема да започне, а според одредени информации првите екипи од двете Втори лиги, Беласица и Пелистер ќе бидат во Прва лига, бидејќи ПМФЛ би била проширена на 12 екипи.

Според овие информации Беласица по една сезона во Втора лига се враќа повторно во елитното друштво, а исто во елитата се враќа и битолски Пелистер. Но, тука не застанува евентуалното проширување на ПМФЛ. Според други информации кои што кружат, Првата лига би била проширена на дури 14 екипи, а тоа значи дека и двете второпласирани екипи од Вторите лиги, Брегалница од Исток и Скопје од Запад би биле дел од Првата лига. Евентуалното проширување на 14 екипи доаѓа, откако овие две екипи реагираат бидејќи второто место носи играње на бараж за влез во Прва лига, па во тој случај тие би останеле без бараж и повтороно во Втора лига, додека првопласираните екипи би биле веќе во Прва лига.

Што и како би се случило официјално ќе се дознае за кратко, но големи се шансите дека Беласица следната сезона ќе ја гледаме повторно во Првата македонска фудбалска лига.

 

Comments are closed.