Поради наближување на терминот одреден од страна на УЕФА, 25 мај 2020 година за конечен став околу натпреварувачката сезона 2019/2020 за Првата македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија во понеделник во 13:00 часот ќе оддржи состанок со претставници на клубовите од прволигашкото друштво.
Од Фудбалската федерација на Македонија се надеваат дека до понеделник здравствените институции официјално ќе ги соопштат мерките и препораките и заедно со клубовите ќе излезе со заеднички став за натпреварувачката сезона 2019/2020.