Доколку продолжи сезоната, Беласица ќе стартува со дерби против Брегалница за прво место

Доколку се одлучи сезоната да се одигра, тогаш „рестарот“ во Втората лига – Исток, ќе ни донесе големо дерби помеѓу Брегалница и Беласица. Оваа дерби е важно и за двете екипи во битката за првата позиција. Беласица во моментот е лидер на табелата со 40 бодови, додека Брегалница со три бода помалку е на второто место. Двете екипи водат тесна трка за директен влез во Прва лига. Дербито на Истокот ќе се игра во Штип.

Беласица - Пелистер - во Струмица - контролен натпревар - 15.02.2020 18

Во првото дерби кое се одигра во Струмица, резултатот беше 0:0, односно натпреварот заврши без победник.

Струмичани ги чека тежок распоред по „рестаротот“ од сезоната, бидејќи после дербито со Брегалница, ќе играат со другиот конкурент за влез во Прва лига, Тиквеш од Кавадарци.

Comments are closed.